Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ СО ПОДДРШКА ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА ПРЕТЕПАНАТА ДЕВОЈКА: Напаѓачот мора да одговара

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел го осуди бруталниот напад врз младата девојка во Охрид, кој предизвика реакции во јавноста. Тој посочи дека неговото денешно обраќање требало да биде посветено на состаноците и борбата за Македонија во Белгија, но дека ужасната вест го променила неговото обраќање. Мицкоски изрази жалење и жестоко го осуди, како што рече, дивјаштвото што се случило. Воедно, тој испрати поддршка до семејството на девојката, истакнувајќи дека зборува и како човек, родител, татко, брат и сопруг. Премиерот вети дека институциите ќе сторат сè сторителот на нападот да биде изведен пред лицето на правдата.
View this post on Instagram
МЕДИУМСКИОТ ПРИТИСОК СЕ ИСПЛАТЕШЕ: Насилникот Кристијан повторно е лишен од слобода

