Спорт

(ВИДЕО) ОФ-РОУД СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ: Теренско возење, адреналин и возбудливи трки кај Смилковското Езеро

(ВИДЕО) ОФ-РОУД СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ: Теренско возење, адреналин и возбудливи трки кај Смилковското Езеро

Кај Смилковското Езеро во Скопје денеска се одржа оф-роуд натпревар во организација на „Напињачи клуб“, на кој љубителите на теренското возење имаа можност да ги покажат своите возачки вештини. Натпреварувачите се соочија со предизвици на теренот, а адреналинот и возбудата беа дел од трките во различни категории. На настанот се натпреваруваа возачи со крос-мотоцикли, АТВ, УТВ, софт и хард џипови, како и хард баги возила. За најуспешните беа предвидени награди за прво, второ и трето место во секоја категорија. Организаторите најавија парични и други награди, во зависност од категоријата и освоениот пласман. Смилковското Езеро денеска беше место за дружење на љубителите на оф-роуд спортот и натпреварување во теренско возење.