Дознај прв
(ВИДЕО) ОКЛОПНИ ВОЗИЛА НА УЛИЦИТЕ: Се распоредуваат 70.000 полицајци во Франција пред најавените денешни големи протести

Француската полиција се распоредува низ улиците пред најавените големи протести што треба да се одржат денеска во земјата. За обезбедување на јавниот ред и мир, на улиците низ Франција ќе бидат ангажирани околу 70.000 полицајци, потврдија и Ројтерс и други реномирани медиуми. Ова видео е од Марсеј каде полицијата се подготвува за можни немири, а на улиците се распоредени и оклопни возила.
Безбедносните сили се во состојба на зголемена готовност по насилните протести и грабежи од минатиот викенд. Француските власти преземаат засилени мерки за да спречат нови инциденти и да го обезбедат јавниот ред. Најавените демонстрации се очекува да предизвикаат големи безбедносни предизвици во повеќе градови низ земјата.
Погледнете го видеото како се распоредуваат 70.000 полицајци:
View this post on Instagram
