Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПОД МОСТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СЕ СПОИЈА МУЗИКАТА И УЛИЧНАТА УМЕТНОСТ: „ВЖНР“ го промовираше „СИН ДУХ“
Млада група скопјани направи несекојдневна промоција на албум.

Под мостот „Гоце Делчев“ во Центар вечерва се одржа несекојдневен музички настан посветен на промоцијата на албумот „СИН ДУХ“ на младата скопска артистичка група „ВЖНР“. „ВЖНР“, или поранешно „Вижнери рекордс“ (Visionary Records), е рап група составена од младите артисти Џиги, Марз, Гамбит, Фанки и Хајпер, кој е во улогата на продуцент.
Нивниот најнов сингл „Ја и ти“ е достапен, додека албумот „Син дух“ за првпат можеше да се слушне вечерва, на промоцијата под мостот. За атмосферата беа задолжени диџеите Vlаshki, Lux Kmala и Laz Vegjas. Програмата вклучи и live painting и graffiti, со учество на Јана Андреевска и Бодан Шабанов. Организаторите најавија „најголемиот ѕенѕ на сите времиња“, како и низа дополнителни содржини кои го следеа настанот. Со комбинацијата на музика, визуелна уметност и урбан простор, „ВЖНР“ приредија поинаква промоција на својот нов албум „СИН ДУХ“.
Погледнете повеќе за атмосферата под мостот „Гоце Делчев“:
Видео извор: skopje.clothing
