Хроника

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО КАВАДАРЕЧКО ПОВТОРНО СЕ РАЗГОРЕ: Два „ер трактори“ го гаснат огнот кај Раец

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО КАВАДАРЕЧКО ПОВТОРНО СЕ РАЗГОРЕ: Два „ер трактори“ го гаснат огнот кај Раец

Пожарот кој синоќа избувна на околу дваесет километри од Кавадарци, попладнево повторно е реактивиран. Огнот се проширил на тешко пристапен терен во околината на селото Раец, а во гаснењето се вклучени два „ер трактори“. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека состојбата останува сериозна и дека сите расположливи екипи се на терен. Со огнената стихија се борат пожарникари, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, полицијата, Граничната полиција и Шумското стопанство – Кавадарци.

Службите работат координирано за да го локализираат пожарот и да го спречат неговото понатамошно ширење. Надлежните апелираат граѓаните да не се движат во загрозените подрачја и веднаш да пријават ново жариште или сомнително однесување. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пожарот бил подметнат на пет локации и има осомничено лице.