Македонија

(ВИДЕО) СЕ СНИМАЛ ЗА ТИКТОК ДОДЕКА ДИВЕЕЛ СО ЧЕТИРИЦИКЛ: Возел на две тркала и дрифтал на кружен тек во Куманово

Опасното возење се одвивало на јавна сообраќајница, каде во тој момент можеле да поминуваат и други возила.

(ВИДЕО) СЕ СНИМАЛ ЗА ТИКТОК ДОДЕКА ДИВЕЕЛ СО ЧЕТИРИЦИКЛ: Возел на две тркала и дрифтал на кружен тек во Куманово

СЕ СНИМАЛ ЗА ТИКТОК ДОДЕКА ДИВЕЕЛ СО ЧЕТИРИЦИКЛ

Возач со четирицикл се снимал за ТикТок додека опасно возел на кружен тек во Куманово. На снимката се гледа како дрифта и во еден момент го крева четирициклот на две тркала. Опасното возење се одвивало на јавна сообраќајница, каде во тој момент можеле да поминуваат и други возила. Видеото потоа било објавено на социјалната мрежа ТикТок. Ваквото однесување може да ја загрози безбедноста и на возачот и на останатите учесници во сообраќајот. Засега нема информации дали надлежните органи презеле мерки за случајот.

Жан Митрев