Економија

(ВИДЕО) ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БЕСНИ: Цената на пченицата во 1993 година била 13 денари, а годинава само 9 денари

(ВИДЕО) ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БЕСНИ: Цената на пченицата во 1993 година била 13 денари, а годинава само 9 денари

Земјоделците реагираат на состојбите во земјоделието и ниските откупни цени. Зоран Јанкулов од Кавадарци посочува дека цената на пченицата во 1993 година била 13 денари, додека годинава изнесува само 9 денари. Според него, ваквите податоци ја покажуваат состојбата во која се наоѓа земјоделството. Јанкулов зборува и за прашањето колку пари треба да добијат лозарите како обештетување за неоткупеното грозје. Тој посочува дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми. Целата состојба ја објаснува во видео прилогот на „Зелена берза“.

Погледнете:

Опозициската СДСМ претходно упати неколку апели за поддршка на земјоделците.

(ВИДЕО) СДСМ БАРА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Тврдат дека нема откуп и родот скапува