Скопје

(ВИДЕО)Нешто што ќе остане ПОВТОРНО ГО СОБРА ЦЕНТАР: Домашните музички ѕвезди го одбележаа јубилејот

Во Паркот на Франкофонијата по четврти пат се одржа „Нешто што ќе остане“, со настапи на Слаткар, Дупер, 2 Бона, Барбара Поповиќ и Лина Пејовска.

(ВИДЕО)Нешто што ќе остане ПОВТОРНО ГО СОБРА ЦЕНТАР: Домашните музички ѕвезди го одбележаа јубилејот

Паркот на Франкофонијата пулсираше со македонска музика

Во Паркот на Франкофонијата синоќа по четврти пат се одржа музичката манифестација „Нешто што ќе остане“, посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Годинава настанот беше во знакот на големиот јубилеј – 50 години од основањето на Општина Центар. Пред бројната публика настапија Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона.

Нешто што ќе остане – јублиејот прославен со музика и дружење

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им се заблагодари на граѓаните за големата посетеност и заедничкото одбележување на јубилејот. Тој порача дека 50 години Центар се половина век исполнет со генерации кои таму растеле, создавале семејства, пријателства и спомени. Манифестацијата и годинава понуди музичка вечер посветена на домашната сцена, со настапи на повеќе популарни македонски изведувачи.

Жан Митрев