Скопје
Дознај прв
ЗНАМ ПРОТИВ ПРЕДЛОГ ДУП-ОТ ЗА БАРУТАНА: Од партијата велат дека трошоците ќе паднат на товар на жителите на Центар
ЗНАМ се противи на предлог-ДУП-от за Барутана и предупредува дека инфраструктурните трошоци би биле товар за буџетот на Општина Центар.

Од ЗНАМ предупредуваат на скапи инфраструктурни зафати
Советниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина Центар се противат на предлог-ДУП-от за Барутана, со оценка дека неговата реализација би создала дополнителни трошоци за општината. Од партијата велат дека на Водно е предвидена изградба на населба со хациенди, за што би биле потребни сложени и скапи градежни зафати. Според нив, Општина Центар би била обврзана да го уреди градежното земјиште и да изгради две нови улици. Во соопштението се наведува и дека би требало да се обезбеди потребната водоводна и канализациска инфраструктура.
ЗНАМ: Комуналиите нема да ги покријат сите трошоци
Од ЗНАМ тврдат дека средствата што би се собрале од комуналиите за градење нема да бидат доволни за реализација на планираните инфраструктурни зафати. Оттаму предупредуваат дека разликата би морала да се покрива од буџетот на Општина Центар. „Ова е една од причините зошто советниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина Центар се противат на предлог ДУП-от за Барутана“, велат од партијата.
