Македонија

МИСАЈЛОВСКИ ВО КАСАРНАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“: Продолжуваат инфраструктурните активности со силно темпо

Мисајловски изврши увид во реконструкцијата на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање во касарната „Гоце Делчев“.

МИСАЈЛОВСКИ ВО КАСАРНАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“: Продолжуваат инфраструктурните активности со силно темпо

Се реконструира објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска изврши увид во градежните активности во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, каде се реализира целосна реконструкција на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање. Мисајловски посочи дека инфраструктурните инвестиции се насочени кон подобрување на условите за работа и престој на вработените во Армијата и Министерството за одбрана.

Во објектот во моментов се изведуваат повеќе градежни активности со цел негово целосно завршување и ставање во функција. Се поставуваат нови преградни ѕидови, електрична инсталација и осветлување, а се работи и на противпожарната и громобранската инсталација.

касарната

Нови системи и подобрување на енергетската ефикасност во касарната

Реконструкцијата опфаќа и поставување нов систем за вентилација и греење, промена на подните облоги и вратите, како и доработка на санитарните јазли. Предвидени се и завршни гипсарски, молерофарбарски и фасадерски работи, со цел објектот да постигне повисока енергетска ефикасност.

Од Министерството за одбрана информираат дека инфраструктурните активности продолжуваат со цел создавање модерни и функционални услови за работа за припадниците на Армијата и вработените во Министерството. Мисајловски при увидот нагласи дека инвестициите во инфраструктурата се дел од активностите за подобрување на условите во армиските објекти.

касарната

Жан Митрев