Регион
Дознај прв
4 ЈУЛИ – ДЕНОТ НА БОРЕЦОТ: Празникот на востанието против фашизмот во поранешна Југославија
Денот на борецот се одбележува на 4 јули како симбол на востанието против фашизмот во поранешна Југославија.

На 4 јули 1941 година, Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија, предводено од Јосип Броз Тито, донело одлука за кревање вооружено востание против фашистичките окупатори. Со оваа одлука започнала Народноослободителната борба на народите и народностите на Југославија во Втората светска војна.
Почеток на востанијата
По донесувањето на одлуката, востанија започнале во повеќе делови на тогашна Југославија – во Србија на 7 јули, во Црна Гора на 13 јули, во Словенија на 22 јули, во Босна и Херцеговина и Хрватска на 27 јули, а во Македонија на 11 октомври 1941 година. 4 јули во поранешна СФРЈ се одбележувал како Ден на борецот и симбол на отпорот против фашизмот.
Сеќавање на антифашистичката борба
Денес овој датум најчесто го одбележуваат боречките здруженија и организациите кои ја негуваат традицијата на Народноослободителната борба. Четиригодишната борба завршила со победа над фашизмот, но и со големи човечки жртви. Денот на борецот останува дел од историската меморија за отпорот, слободата и антифашистичката борба на просторот на поранешна Југославија.
