Македонија

БЕЗ КАЦИГА НА МОТОР: Полицијата казни 35 мотоциклисти во Штип

Без кацига возеле 35 мотоциклисти во Штип, а полицијата изрече вкупно 55 санкции во акциска контрола.

БЕЗ КАЦИГА НА МОТОР: Полицијата казни 35 мотоциклисти во Штип

Во акциска контрола спроведена на 4 јули, од 17:00 до 23:00 часот, на подрачјето на Штип, полицијата изрече вкупно 55 санкции за прекршоци и кривични дела во сообраќајот.

Контролата била насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети. Најголем дел од санкциите, односно 35, биле за возење мотоцикл без заштитен шлем. Изречени се и мерки за возење под дејство на алкохол, истечена сообраќајна дозвола и неистакната регистарска табличка.

Во акцијата биле откриени и шест кривични дела за „безобѕирно управување со моторно возило“, при што шест лица, меѓу кои и еден малолетник, биле лишени од слобода. Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период.