Спорт

ВАРДАР ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР ВО НЕДЕЛА: Пуштени во продажба билетите за големото ракометно дерби

ВАРДАР ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР ВО НЕДЕЛА: Пуштени во продажба билетите за големото ракометно дерби

Билетите за големото македонско ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се пуштени во продажба. Од скопскиот клуб информираа дека натпреварот ќе се одигра в недела, на 1 ноември, со почеток во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Билетите се достапни онлајн преку платформата VTickets, а цените се движат од 300 до 500 денари, зависно од блокот. Во меѓувреме, се најавува и навивачки спектакл, со оглед на тоа што на дербито се очекува присуство на домашните Комити и гостинските Чкембари. Двете навивачки групи веќе почнаа со најави за претстојната пресметка.

Од Вардар ги повикаа навивачите навреме да обезбедат билети и да помогнат салата „Јане Сандански“ да биде исполнета за големото дерби.