Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) Битолчани ја наполнија речиси целата сала, но доживеаја дебакл од шпанската Ла Риоха

Салата „Боро Чурлевски“ во Битола вечерва беше исполнета речиси до последното столче, а Чкембари го прославија 41 роденден. Битолчани го играа првиот европскиот натпревар против шпанската Ла Риоха. Сепак, домашните ракометари доживеаја тежок пораз од 24:31 на стартот на сезоната во Европската лига. Ла Риоха уште од почетокот го презеде натпреварот и брзо поведе со 5:0, а на полувреме имаше предност од 16:8.
Пелистер не успеа да најде решение за играта на гостите ниту во второто полувреме, а шпанскиот тим во еден момент имаше и 11 гола предност. Голманот на шпанскиот тим, Жоан Ледо, беше еден од најзаслужните за убедливата победа со 21 одбрана. Најефикасен кај Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со четири гола. Публиката во Битола на крајот им аплаудираше на гостите за прикажаната игра.
View this post on Instagram
Видео извор: И моето дете ќе навива за Пелистер
