Хроника

ПРИВЕДЕН 69-ГОДИШЕН КАВАДАРЧАНЕЦ: Во викендичка пронајдени 13 килограми месо од срндак и примки

Полицијата приведе 69-годишен кавадарчанец. Во неговата викендичка пронајдени се ловечка пушка, патрони, девет примки и околу 13 килограми месо од срндак.

ПРИВЕДЕН 69-ГОДИШЕН КАВАДАРЧАНЕЦ: Во викендичка пронајдени 13 килограми месо од срндак и примки

Полицијата приведе 69-годишен маж од Кавадарци, откако при претрес во неговата викендичка биле пронајдени ловечка пушка, патрони, недозволени средства за лов и месо од дивеч. Акцијата била спроведена на 26 октомври околу 15 часот, по претходно добиени сознанија и со судска наредба. Претреси биле извршени во викендичката и помошните простории на местото викано „Васов град“, во кавадаречко, како и во домот во кој живее во Кавадарци.

Пронајдени пушка, патрони и девет примки

При претресот во викендичката, 69-годишниот Ј.П. доброволно предал ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов – примки. На една од примките биле забележани остатоци од биолошки траги.

Ќе следуваат кривични пријави

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ според член 228 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ според член 396 од Кривичниот законик.

ОЗНАКИ: мвр