Спорт
Дознај прв
ВАРДАР ВЕЧЕРВА ЈА ЗАТВОРА ЕВРОПСКАТА СЕЗОНА: Германскиот Мелсунген гостува во „Јане Сандански“
Вардар 1961 вечерва од 18:45 часот го пречекува германскиот МТ Мелсунген во последното коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Ракометниот клуб Вардар 1961 вечерва пред домашната публика ќе ја заврши европската сезона, со натпреварот против германскиот МТ Мелсунген во ЕХФ Лигата на шампионите. Средбата од шестото, последно коло од групната фаза ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 18:45 часот. „Црвено-црните“ ќе се обидат да ја забележат втората победа во европската елита и со триумф да се простат од настапите во натпреварувањето.
Вардар сака реванш за поразот во Германија
Македонскиот шампион ќе има мотив повеќе против германскиот состав, откако на првиот меѓусебен дуел во Касел загуби со 33:31. Вардар тогаш до самиот крај беше во игра за позитивен резултат, но не успеа да избегне пораз. Сега избраниците на тренерскиот штаб ќе се обидат да му се реваншираат на противникот пред своите навивачи.
Поддршката од трибините како дополнителен мотив
Домашниот терен и поддршката од навивачите се очекува да бидат дополнителен мотив за ракометарите на Вардар во последниот европски предизвик за сезоната. „Црвено-црните“ ќе се обидат со добра игра и победа да го заокружат настапот во Лигата на шампионите.
Карти за натпреваор може да купите на ОВОЈ ЛИНК
