Спорт

(ВИДЕО) ВАРДАР НЕСРЕЌНО ЗАГУБИ ОД НАНТ: Французите славеа со гол од седмерец во последните секунди

Вардар загуби од Нант со 32:33 во СЦ „Јане Сандански“, откако францускиот тим постигна победнички гол од седмерец во последните секунди.

(ВИДЕО) ВАРДАР НЕСРЕЌНО ЗАГУБИ ОД НАНТ: Французите славеа со гол од седмерец во последните секунди

Вардар испушти два гола предност

Вардар го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Нант со 32:33. „Црвено-црните“ одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 3:0, но потоа имаа период од речиси пет минути без постигнат гол, што Нант го искористи за серија од пет гола и водство од 8:12. На полувреме францускиот тим замина со минимална предност од 15:16.

Драматична завршница во „Јане Сандански“

Во вториот дел Вардар постојано ја бркаше негативата, а во 51. минута успеа да поведе со 29:27. Домашниот состав имаше предност до 58. минута, кога Нант израмни на 32:32. Вардар имаше напад за водство, но Малус не реализираше 45 секунди пред крајот, по што на 15 секунди до последниот свиреж гостите добија седмерец, а Леополд го реализираше за 32:33. Последната шанса за бод ја имаше Вардар, но голманот Блонде одбрани и му ја донесе победата на Нант. Најефикасен кај Вардар беше Абделхак со 10 гола, додека Мачлус постигна шест.

ОЗНАКИ: рк Вардар