Хроника
Дознај прв
МАГЛА, ДОЖД, ВЕТЕР: УХМР со најнова прогноза за времето

Утре времето ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во утринските часови во одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува на места долж Повардарието.
Од УХМР најавуваат дека во наредниот период ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и на почетокот на следната седмица. Во утринските часови и во наредните денови ќе има услови за појава на магла во одделни котлини. До крајот на прогнозираниот период ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
