Македонија

МИЦКОСКИ: Нема ниту „К“ од криминал со унгарскиот кредит, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата за унгарскиот кредит и рече дека средствата се користат за поддршка на економијата и домашното стопанство.

МИЦКОСКИ: Нема ниту „К“ од криминал со унгарскиот кредит, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

Мицкоски ги отфрли обвинувањата на Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања ги отфрли обвинувањата од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, поврзани со унгарскиот кредит и најавените политички скандали. Мицкоски рече дека поминале шест месеци од најавите на опозицијата, но наместо откривање криминал, според него, информациите покажуваат дека средствата се користат за поддршка на економијата и домашното стопанство. Тој ја обвини опозицијата дека ги поврзува актуелните политички случувања во Србија со Македонија и Владата, оценувајќи ги тие тврдења како политички конструкции.

ДЗР утврдил дека средствата се користат за економијата

„Истото го зборувавте и за Орбан пред шест месеци, истите прес-конференции од А до Ш. Споредете ги и во овие шест месеци, и тогаш велевте дека ќе се открие криминал“, изјави Мицкоски. Тој посочи дека Државниот завод за ревизија спроведува ревизија и дека, според досегашните информации, средствата од унгарскиот кредит биле наменети за македонската економија и домашното стопанство. Премиерот додаде дека дел од средствата се наменети и за враќање еврообврзница што ја подигнала Владата, во вредност од околу половина милијарда евра. „Значи, во овие шест месеци нема ни К од криминал, туку потврда дека оваа Влада за оваа држава направила добро дело“, рече Мицкоски.