Македонија
Дознај прв
112 ГРАЃАНИ ГЛАСАЛЕ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ ВО БРВЕНИЦА: Правото на глас го искористиле и осуденици
Од 116 пријавени болни, немоќни и затвореници во Брвеница, 112 денеска го оствариле правото на глас пред утрешниот втор круг.

Вкупно 112 од пријавените 116 болни и немоќни лица, како и лица на издржување затворска казна, денеска го оствариле своето право на глас пред утрешниот втор круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според податоците на Државната изборна комисија, од 107 пријавени болни и немоќни лица гласале 104 граѓани. Од деветте пријавени лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи, гласале осум. Од ДИК информираат дека гласањето поминало без проблеми и дека сите избирачи имале можност слободно да го остварат своето право на глас.
Гласањето поминало без проблеми
Изборниот процес за овие категории граѓани се одвивал во текот на денешниот ден, во пресрет на утрешното гласање на избирачките места низ општината.
Утре се избира градоначалник на Брвеница
Утре, 1 ноември, ќе се одржи вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница, во кој ќе се одлучува кој ќе ја преземе градоначалничката функција.
