Хроника

ЗАТЕКНАТИ ПИЈАНИ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО КАРПОШ: Едно лице завршило на токсикологија

Полицијата затекнала осум малолетници во угостителски објект во Карпош. Едно лице било пренесено на токсикологија, а ќе следува пријава.

ЗАТЕКНАТИ ПИЈАНИ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО КАРПОШ: Едно лице завршило на токсикологија

Осум малолетници биле приведени откако полицијата затекнала група млади лица во видно алкохолизирана состојба во угостителски објект во скопската населба Карпош. Според информациите од МВР, полициските службеници постапувале по претходно добиени сознанија дека во објектот се точи алкохол на малолетници. При контролата било утврдено дека едно од затекнатите лица било во видно алкохолизирана состојба и било пренесено во Клиниката за токсикологија.

Осум малолетници приведени во полициска станица Карпош

Од полицијата информираат дека осумте малолетници биле приведени во полициската станица Карпош. Едно лице било пренесено на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Ќе се утврдува одговорноста на угостителскиот објект

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информира МВР.