Македонија

МИЦКОСКИ ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА: „Сами против сите, тие со националната карта и по некој тројанец“

Христијан Мицкоски се огласи по изборниот пораз во Брвеница, зборуваше за националната карта, „тројанците“ и растот на поддршката.

МИЦКОСКИ ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА: „Сами против сите, тие со националната карта и по некој тројанец“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по изборниот пораз на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски на вонредните избори за градоначалник на Брвеница. Во реакција на социјалните мрежи, Мицкоски порача дека неговата партија настапила со изборна програма и концепт, додека политичките противници, според него, се потпирале на демографијата, националната карта и одвлекување гласови.

Мицкоски зборува за раст на поддршката

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски. Тој посочи дека поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пораснала од околу 3.000 гласови во првиот круг на околу 4.200 во вториот круг. Според неговата пресметка, во споредба со парламентарните избори партијата има раст од околу 1.300 гласови, но тоа не било доволно за победа.

Мицкоски

Порача дека Владата ќе ги поддржува сите жители

Мицкоски им се заблагодари на жителите на Брвеница кои гласале за Радичевски, но и на оние кои не го поддржале. Тој порача дека сите жители на општината ќе ја имаат поддршката од Владата, без оглед на нивниот избор на гласањето. „Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, напиша премиерот. Реакцијата следува по победата на Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција, кој според првичните објавени податоци освои 4.379 гласови, наспроти 4.178 за Радичевски.