Скопје
Дознај прв
БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО СКОПЈЕ: ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДААТ
Град Скопје започна со доделување бесплатни униформи за учениците во прва година. Првата практика е во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на мерката за бесплатни униформи за сите ученици во прва година во средните училишта под надлежност на Град Скопје. Првата практика е започната во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, каде што се доставени бесплатни униформи изработени од 100% памук. Ѓорѓиевски соопшти дека ова е почеток на реализацијата на ветувањето за униформи за сите средношколци од прва година.

Целта со униформи е намалување на социјалните разлики
Според градоначалникот, мерката треба да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе за намалување на видливите социјални разлики меѓу учениците. Тој смета дека униформите можат да помогнат во создавање еднакви услови и да го намалат чувството на дискриминација и булинг поврзани со облеката. Ѓорѓиевски порача дека секое дете заслужува да се чувствува прифатено и еднакво во училиштето.

Најавени и други инвестиции во училиштата
Градоначалникот најави дека покрај униформите, посветеноста на младите ќе продолжи и преку опремување на кабинетите, набавка на дигитални материјали и помагала, интерактивна технологија, паметни табли и нови клупи. Во план се и спортски терени и фитнес-зони, со цел подобрување на условите за учење и развој на учениците.

