Дознај прв
МИТО ЗА ПОЛАГАЊЕ И МЕНУВАЊЕ ОЦЕНКИ НА УНИВЕРЗИТОТ„Гоце Делчев“: се истражуваат сомнежи за местење оценки
МВР врши претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за незаконско менување оценки и студентски досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје поради сомнежи за незаконско менување оценки, испитни бодови и студентски досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Според неофицијалните информации, постои сомнеж дека биле внесувани испитни бодови, запишувани семестри без исполнети услови и бришани веќе евидентирани оценки. Наводните злоупотреби, според информациите, главно се однесувале на студентски досиеја на студенти од Турција. Од МВР потврдија дека акцијата се спроведува по судска наредба, обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип.
Осомничен раководител на Универзитетот на информатичкиот сектор
Од МВР информираат дека претресите се поврзани со сомнежи за кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како осомничено лице е наведено Р.Т., раководител на информатичкиот сектор при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Во акцијата вклучени повеќе полициски единици
Во акцијата учествуваат полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР. Од Министерството најавија дека јавноста ќе биде дополнително информирана по целосното завршување на акцијата.
