Скопје
Дознај прв
„ИСТОРИЈАТА ДОПРВА ЌЕ СЕ ПИШУВА“: Дарко Костовски најави современа поликлиника во Бутел
Дарко Костовски најави изградба на современа поликлиника во Бутел со ординации, лабораторија, рендген, аптека и пункт за итна медицинска помош.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави изградба на современа поликлиника, која треба да донесе подобри здравствени услуги за жителите на општината. Најавата ја сподели пред неколку дена, со порака дека „долго се чекало, но големите работи вреди да се почекаат“, додавајќи дека Бутел го заслужува овој проект и многу повеќе.
Поликлиниката во Бутел ќе се гради на местото на постојната амбуланта
Новиот здравствен објект е планиран на локацијата на сегашната амбуланта во Бутел. Според претходно објавените информации, во него ќе бидат сместени ординации за општа медицина, педијатрија, гинекологија и интерна медицина. Предвидени се и лабораторија, рендген-кабинет и аптека.
Предвиден и пункт за итна медицинска помош
Во рамки на поликлиниката треба да функционира и пункт за итна медицинска помош, со што жителите би добиле повеќе здравствени услуги на едно место. Реализацијата на проектот би требало да го подобри пристапот до здравствена заштита и да ја намали потребата пациентите за различни услуги да патуваат во други делови на Скопје. „Историјата допрва ќе се пишува“, порача Костовски најавувајќи го проектот.
View this post on Instagram

