Македонија

АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ КАЈ ДРАЧЕВО: По речиси 90 години потврдено постоењето на антички мозаик

На локалитетот Пеленица кај Драчево е откриен доцноантички полихромен мозаик, со што по речиси 90 години се потврдени сознанијата за неговото постоење.

АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ КАЈ ДРАЧЕВО: По речиси 90 години потврдено постоењето на антички мозаик

На археолошкиот локалитет Пеленица кај Драчево е откриен доцноантички полихромен мозаик, со што по речиси 90 години се потврдени сознанијата за неговото постоење. Откритието е резултат на археолошките истражувања што ги спроведува Националниот археолошки музеј. Покрај мозаикот, пронајдени се и керамички материјал и монета кои потекнуваат од истиот период.

Истражувањата продолжуваат со геофизички испитувања во Пеленица кај Драчево

Проектот е финансиски поддржан од Општина Кисела Вода, во соработка со Конзерваторскиот центар – Скопје и црквата „Св. Спас“ во Драчево. Во следната фаза се планирани геофизички испитувања во дворот на манастирскиот комплекс, со цел да се добијат дополнителни сознанија за археолошкиот локалитет.

Драчево

Од 2027 година планирана конзервација

Од наредната година се предвидени и конзерваторски активности. Конечните резултати од истражувањата треба да откријат колкава е површината на мозаикот и на кој архитектонски комплекс му припаѓал. Откритието отвора можност за подобро запознавање со доцноантичкото културно наследство на овој дел од Скопје.

Жан Митрев