Спорт

(ВИДЕО) ПРЕД 30 ГОДИНИ РЕАЛ МАДРИД ПАДНА ВО АЕРОДРОМ: МЗТ ја победи европската кошаркарска велесила во „Лименка“

КК МЗТ Скопје Аеродром се потсети на историската победа над Реал Мадрид пред 30 години во култната сала „Лименка“.

(ВИДЕО) ПРЕД 30 ГОДИНИ РЕАЛ МАДРИД ПАДНА ВО АЕРОДРОМ: МЗТ ја победи европската кошаркарска велесила во „Лименка“

Пред точно 30 години, настан што и денес се прераскажува меѓу навивачите на МЗТ Скопје, Реал Мадрид доживеа пораз во Аеродром. Тогашниот европски гигант, предводен од легендарните Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и останатите ѕвезди, беше совладан во култната сала „Лименка“. Посебна симболика на натпреварот му даде фактот што славниот тим беше надигран од домашниот состав предводен од тренерот Александар Књазев.

Слободните фрлања и „Тишина, потребна…“

Од КК МЗТ Скопје Аеродром потсетуваат и на прецизно изведените слободни фрлања на Перо Блажевски, како и на антологиските зборови „Тишина, потребна…“ на легендарниот коментатор Љубомир Николовски. Неговото коментирање и денес останува врежано во сеќавањата на навивачите и љубителите на кошарката.

 

Историја на МЗТ што не се брише

Три децении подоцна, овој натпревар останува еден од незаборавните моменти во историјата на клубот од Аеродром. Од МЗТ порачуваат дека гордоста од тој триумф и понатаму трае, а спомените за големата победа не бледнеат.

ОЗНАКИ: МЗТ Скопје
Жан Митрев