Македонија

ЕСЕНСКА ЗАДУШНИЦА: Обичаите и симболиката на денот посветен на починатите

Православните верници утре ја одбележуваат есенската Задушница. Погледнете кои се обичаите и што симболизираат пченицата, виното и свеќите.

ЕСЕНСКА ЗАДУШНИЦА: Обичаите и симболиката на денот посветен на починатите

Православните верници утре, 7 ноември, ја одбележуваат Митровденската, односно есенската Задушница – ден посветен на споменот на починатите блиски. На овој ден семејствата ги посетуваат гробовите на своите роднини и пријатели, палат свеќи и се молат за покој на нивните души. Меѓу традиционалните обичаи се носењето варена пченица, леб и црвено вино, кои имаат посебна симболика во христијанската традиција.

Што симболизираат пченицата, виното и свеќите?

Варената пченица го симболизира воскресението и вечниот живот, бидејќи зрното што се сее и умира повторно израснува. Виното се користи за време на поменот, додека свеќата ја претставува светлината. Верниците вообичаено присуствуваат и на богослужба во црква, каде што свештениците читаат молитви за упокојување на душите на починатите.

Раздавањето храна за Задушница е народен обичај

По посетата на црквата, семејствата ги посетуваат гробовите, ги чистат и уредуваат, палат свеќи и принесуваат жито. Во некои краишта постои и обичај да се раздава храна во спомен на починатите, со зборовите „Бог да прости“. Сепак, раздавањето храна е народна традиција, а не задолжителен црковен обред. Оние кои не се во можност да ги посетат гробовите можат да запалат свеќа и да се помолат во црква, бидејќи суштината на Задушница е молитвата, сеќавањето и почитта кон починатите.

ОЗНАКИ: Задушница
Жан Митрев