Скопје

ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ: Утре кружен режим кон гробиштата Бутел поради Задушница

Утре, 7 ноември, од 6 часот ќе има посебен режим на сообраќај кај гробиштата Бутел, Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ: Утре кружен режим кон гробиштата Бутел поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница, утре (7 ноември) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај околу градските гробишта. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мерките ќе ги спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Посебниот режим ќе започне во 6 часот наутро.

Еднонасочен кружен режим кон гробиштата Бутел

Сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива во една насока, по кружна траса. Возилата ќе се движат по улицата „Бутелска“, лево по „Александар Урдаревски“, потоа лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата. За излез, возилата ќе продолжуваат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек со „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по „Кемал Сејфула“.

Посебен режим и кај другите гробишта

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и околу гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим.

ОЗНАКИ: Задушница
Жан Митрев