Свет

ФАТЕН СТОРИТЕЛОТ НА МАСАКРОТ ВО ТУРЦИЈА: Пукал кон жандармите при апсењето, двајца полицајци полесно повредени

Уапсен е осомничениот за масакрот во Турција во кој загинаа осум лица. При апсењето пукал кон жандармите и повредил двајца од нив.

ФАТЕН СТОРИТЕЛОТ НА МАСАКРОТ ВО ТУРЦИЈА: Пукал кон жандармите при апсењето, двајца полицајци полесно повредени

Осомничениот за убиството на осум лица во турската покраина Афјонкарахисар е уапсен по полициска потера, при што отворил оган врз припадниците на жандармеријата и повредил двајца од нив. Станува збор за Ариф Сефа О, кој бил пронајден во округот Сејитгази, во соседната покраина Ескишехир.

Осум лица убиени во три села

Според информациите, нападите се случиле во три села во покраината Афјонкарахисар. Во селото Ајазини биле убиени три лица, исто толку жртви имало и во селото Кијир, додека во Јукаритандири биле убиени две жени.

Случајно запирал возила и пукал во луѓето

Според сведочењата на очевидците, напаѓачот запирал возила на селските патишта и пукал кон луѓето што се наоѓале во нив. Безбедносните камери го снимиле како бега со пушка од црвено комбе, кое претходно се заглавило во калта.

При апсењето отворил оган врз жандармите

Полицијата го лоцирала осомничениот во населбата Сејитгази, каде што бил уапсен по престрелка со припадниците на жандармеријата. При обидот да го избегне апсењето, тој пукал кон службените лица, при што двајца жандарми се здобиле со полесни повреди. Истражителите продолжуваат да го утврдуваат мотивот за нападите, како и евентуалната поврзаност со претходен вооружен инцидент во центарот на Афјонкарахисар.

Повеќе погледнете од веста во продолжение:

МАСАКР ВО ТУРЦИЈА, ОСУММИНА ЗАГИНАТИ: Напаѓачот пукал на три различни локации

ОЗНАКИ: Турција
Жан Митрев