Македонија

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ НАЈАВИ СРЕДБИ СО ПОТЕНЦИЈАЛНИ КУПУВАЧИ НА АЛТА БАНКА: Ќе разговара со повеќе финансиски институции

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ НАЈАВИ СРЕДБИ СО ПОТЕНЦИЈАЛНИ КУПУВАЧИ НА АЛТА БАНКА: Ќе разговара со повеќе финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема простор за загриженост во врска со состојбата со „Алта банка“ и дека Владата и Народната банка целосно ја контролираат ситуацијата. Тој оцени дека целта е банката да биде спасена, бидејќи станува збор за финансиска институција која, според него, е во добра состојба. Одговарајќи на критиките од СДСМ, Мицкоски рече дека опозицијата се радува на црните сценарија, додека Владата се обидува да најде купувач за банката.

АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ СОПСТВЕНИК: Се разгледува преземање од домашна банкарска институција

Тој направи споредба со случаите на ТАТ и Еуростандард банка, обвинувајќи дека СДСМ посакува граѓаните да не бидат обесштетени. Мицкоски повтори дека секој доверител и штедач ќе биде обесштетен до последниот цент. Најави дека во наредните денови, заедно со гувернерот на Народната банка и министерката за финансии, ќе одржи средби со повеќе финансиски институции кои би можеле да бидат потенцијални купувачи. Премиерот додаде дека проблемот е поврзан со случувањата во Србија, каде што дел од компаниите имаат блокирани сметки и средства во „Алта банка“.

 

Жан Митрев