Македонија

ДВАЈЦА ВО ПРИТВОР, ЕДЕН ВО КУЌЕН ПРИТВОР: Пет лица опфатени со истрага за изнуда и перење пари во Куманово

ДВАЈЦА ВО ПРИТВОР, ЕДЕН ВО КУЌЕН ПРИТВОР: Пет лица опфатени со истрага за изнуда и перење пари во Куманово

Двајца осомничени од Куманово добија притвор до 30 дена, едно лице е во куќен притвор, а за четвртиот осомничен се определени мерки на претпазливост во рамки на истрагата за злосторничко здружување, перење пари и изнуда. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека притвор им е определен на Д.П. и М.К., поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоци. На Л.К. му е определен куќен притвор, додека на Д.Ж. му е одземена патната исправа и му е забрането преминување на државната граница. Истрагата на Обвинителството опфаќа вкупно пет лица, а петтиот осомничен во моментов е недостапен за органите на прогонот.

(ВИДЕО) УАПСЕН ДРАГАН ПЕТРОВСКИ – ШТУКА: Осомничен за лихварство, изнуда и организирање криминална група

Според досегашните сомненија, групата дејствувала од 2021 година, користејќи закани и финансиска зависност на оштетените лица поради претходно земени позајмици. Во рамки на истрагата се проверуваат случаи во кои, и покрај враќањето на позајмените пари, од оштетените биле барани дополнителни исплати и биле упатувани закани. Против решенијата на судијата на претходна постапка странките имаат право на жалба.

Жан Митрев