Дознај прв
ПРИТВОР ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СРПСКИ ФУНКЦИОНЕРИ: Осомничени за злоупотреба на службената положба и штета од 2,1 милиони евра
Судот во Нови Сад одреди 30-дневен притвор за двајца покраински функционери осомничени за злоупотреба на службената положба и штета од 130,9 милиони динари.

Судот во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и родова рамноправност, П. В., и на претседателката на комисијата во истиот секретаријат, Д. М. Двајцата се осомничени за злоупотреба на службената положба, со која, според сомневањата, бил оштетен буџетот на автономната покраина Војводина за 130,9 милиони динари. Одлуката ја донел судија за претходна постапка од Посебното одделение за сузбивање на корупцијата при Вишиот суд во Нови Сад.
Опасност од влијание врз сведоци и повторување на делото
На П. В. му е одреден притвор поради опасност дека би можел да влијае врз сведоците и да го повтори кривичното дело. За Д. М. притворот е определен поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците. Против решението за притвор е дозволена жалба до кривичниот совет на Посебното одделение за сузбивање на корупцијата.
Буџетот на Војводина оштетен за 130,9 милиони динари
Двајцата функционери претходно биле уапсени под сомнение дека со злоупотреба на службената положба предизвикале штета на буџетот на Војводина од 130,9 милиони динари, односно околу 1,1 милион евра.

