Хроника

СО 3,11 ПРОМИЛИ СЕДНАЛ НА ТРАКТОР: Пијан возач излетал од патот во Пробиштипско

35-годишен маж од Пробиштип бил приведен откако со трактор излетал од патот во Гризилевци. Алкотестот покажал 3,11 промили алкохол.

СО 3,11 ПРОМИЛИ СЕДНАЛ НА ТРАКТОР: Пијан возач излетал од патот во Пробиштипско

35-годишен маж од Пробиштип бил лишен од слобода откако управувал трактор со приколка под дејство на алкохол, при што излетал од коловозот. Инцидентот се случил на 8 ноември околу 18 часот, на локален пат во селото Гризилевци, Пробиштипско. При преземање полициски мерки било утврдено дека Г.Н. (35) управувал со тракторот со пробиштипски регистарски ознаки со дури 3,11 промили алкохол во крвта.

Изгубил контрола и излетал од коловозот

Според информациите од полицијата, возачот во еден момент изгубил контрола над тракторот со приколка и излетал од патот. По извршеното алкотестирање било потврдено дека бил под силно дејство на алкохол.

Ќе следува соодветна пријава

Г.Н. бил лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОЗНАКИ: пробиштип
Жан Митрев