Магазин
Дознај прв
МРТ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕБУ: Македонскиот претставник доби само шест поени од жирито на Детската Евровизија
МРТ испрати писмо до ЕБУ со барање за објаснување на гласањето на Детската Евровизија 2026, откако Македонија доби само шест поени од жиријата.

Македонската радио-телевизија испратила официјално писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ), барајќи објаснување за гласањето на стручните жирија на Детската Евровизија 2026. Македонскиот претставник освои 51 поен од публиката и само шест од жиријата, со што заврши на последното место на натпреварот. Информацијата ја соопштил генералниот директор на МРТ, Зоран Ристоски, на седница на Програмскиот совет, објави „4news.mk“.
МРТ бара транспарентност во гласањето
Според записникот од седницата, јавниот сервис бара појаснување за начинот на спроведување на гласањето и распределбата на поените од членовите на стручните жирија. Ристоски ја нагласил потребата постапката да биде транспарентна и соодветно образложена.
„Посебна одговорност кон младите изведувачи“
Од МРТ посочиле дека организаторите на натпреварот имаат обврска да постапуваат со особено внимание и одговорност кон младите изведувачи. Причината е што на Детската Евровизија учествуваат деца, па начинот на спроведување на гласањето и односот кон учесниците треба да бидат на високо ниво на транспарентност и одговорност. Засега не се наведени детали дали ЕБУ одговорила на барањето на македонскиот јавен сервис.

