Хроника

Кумановец осуден за истакнување знамиња на „Голема Албанија“ и УЧК – добил три месеци условна казна

Кумановец осуден за истакнување знамиња на „Голема Албанија“ и УЧК – добил три месеци условна казна

Деветнаесетгодишниот Арди Саити од Куманово доби условна осуда со утврдена затворска казна од три месеци, откако призна вина за кривичното дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. Случајот се однесува на настан од 28 ноември 2025 година, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, тој од автомобил „Форд“ истакнал две знамиња – едното со симболика на т.н. „Голема Албанија“, а другото со симболите на УЧК.

Според судската пресуда, инцидентот се случил околу 21:45 часот на улицата „Трета МУБ“, за време на колона од околу 20 автомобили. Судот оценил дека со неговото постапување биле предизвикани омраза, раздор и нетрпеливост врз етничка основа, како и вознемиреност кај присутни граѓани од други етнички заедници. Пресудата е донесена на 9 октомври 2026 година, врз основа на признанието на вина, а во времето на настанот Саити имал 18 години и немал претходни осудителни пресуди.

По објавувањето на судската одлука, тој се огласи и на социјалните мрежи со порака: „Драги Албанци, не излегувајте повеќе со знамиња, бидејќи во спротивно ќе завршите со условна казна“.

Извор: Скопје1

Жан Митрев