Македонија

(ВИДЕО) ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО СКОПЈЕ ЗА УЧК: И Али Ахмети забележан меѓу присутните на протестот

Денеска во Скопје се одржува протестен марш во поддршка на поранешните команданти на УЧК, а меѓу присутните е забележан и Али Ахмети.

(ВИДЕО) ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО СКОПЈЕ ЗА УЧК: И Али Ахмети забележан меѓу присутните на протестот

Граѓани се собраа во поддршка на поранешните команданти на УЧК

Денеска во Скопје се одржува протестен марш во знак на поддршка на поранешните команданти на УЧК, по првостепените пресуди во Хаг. Маршот започна во 14 часот од плоштадот „Скендербег“, од каде учесниците се упатија низ централното градско подрачје. На протестот присуствуваат семејства на загинати, ветерани, воени инвалиди, поранешни затвореници и други граѓани. Меѓу присутните е забележан и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Организаторите претходно упатија повик до граѓаните и политичките партии да се приклучат на маршот.

Протестот следува по првостепените пресуди во Хаг

Повод за протестот се првостепените пресуди против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими. Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Весели на 18, а Селими на 13 години затвор. Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за дел од обвиненијата беа ослободени. Пресудите се првостепени, а страните имаат право да поднесат жалба.