Хроника
Дознај прв
УАПСЕН 26-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА: Фатен во неговиот дом
Полицијата денеска го уапсила Ц.А.(26) од Скопје, баран со централна потерница за изнуда и централен распис за насилство.

Полицијата го пронашла во дворот од неговиот дом
Полициски службеници денеска во 9:30 часот го лишиле од слобода Ц.А.(26) од Скопје, кој бил баран со централна потерница. Апсењето било извршено во дворот на неговиот дом од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Потерницата била распишана на 6 август 2026 година од Основниот кривичен суд Скопје, со изречена мерка притвор, за кривично дело изнуда. За него имало и централен распис од СВР Скопје од 17 април 2026 година за сторено кривично дело насилство. По апсењето, Ц.А. бил предаден во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, соопшти МВР.