Хроника

ТЕЛО НА МРТОВ ЧОВЕК ПРОНАЈДЕНО ВО БАРДОВЦИ: Случајот го истражува полицијата

Тело на починато лице било пронајдено во Бардовци, покрај оградата на здравствена установа. Наредена е обдукција.

ТЕЛО НА МРТОВ ЧОВЕК ПРОНАЈДЕНО ВО БАРДОВЦИ: Случајот го истражува полицијата

Тело било пронајдено покрај оградата на здравствена установа

Тело на починато лице било пронајдено вчера во близина на оградата на здравствена установа во скопската населба Бардовци. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 15:25 часот. Телото било забележано покрај оградата на установата, по што на местото бил испратен полициски тим. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај лицето. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта. Полицијата работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до смртта.