Хроника

ТЕШКА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО БРАЗИЛ: Најмалку осум загинати, 12 повредени

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во тешка автобуска несреќа во бразилската држава Баија.

ТЕШКА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО БРАЗИЛ: Најмалку осум загинати, 12 повредени

Автобусот се превртел во Бразил

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во тешка автобуска несреќа во бразилската држава Баија. Несреќата се случила во петокот вечерта, на околу 15 километри од градот Иракувара, кога автобусот се превртел. Возилото патувало од Форталеза, во државата Сеара, кон Палмас, во државата Токантинс. Спасувачките екипи првично извлекле три тела од остатоците, а уште четири биле пронајдени откако автобусот бил подигнат. Меѓу загинатите има двајца мажи, жена и дете. Повредените биле пренесени во болници, а еден од нив подоцна починал, со што бројот на жртви се искачил на најмалку осум. Двајцата возачи на автобусот не биле повредени, додека причината за несреќата сè уште не е утврдена.

ОЗНАКИ: бразил