Македонија

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СЕ УЧИ И ВО ТОКИО: Ученици во јапонско училиште ја запознаваат македонска култура и традиција

Ученици во средното училиште „Таканава“ во Токио го изучуваат македонскиот јазик и култура под водство на професорот Томоки Аојама.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СЕ УЧИ И ВО ТОКИО: Ученици во јапонско училиште ја запознаваат македонска култура и традиција

Македонскиот јазик и култура се изучуваат и во средното училиште „Таканава“ во Токио, Јапонија, каде што учениците имаат можност да се запознаат со македонското културно наследство. Активностите се одвиваат под водство на професорот Томоки Аојама, кој го раководи Македонскиот клуб во училиштето. Неодамна училиштето го посетиле поранешниот јапонски амбасадор во Македонија, Оцука, актуелен претседател на Јапонско-македонската асоцијација за пријателство, како и Галина-сан.

Учениците добија материјали за изучување на македонскиот јазик

При посетата, учениците добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, како и материјали од култната „Бушава азбука“ и македонски бајки. Целта е преку јазикот и литературата поблиску да се запознаат со Македонија и нејзината традиција.

Македонски слатки како сувенири од посетата

На учениците им биле подарени сувенири во форма на локални македонски чоколади и слатки. Македонскиот клуб во училиштето претставува можност за продлабочување на културните врски и пријателството меѓу двете земји.

Жан Митрев