Спорт

(ФОТО) И ПОКРАЈ РИВАЛСТВОТО, ИСТА ПОРАКА: „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ против кликбејт новинарите и лажните вести

(ФОТО) И ПОКРАЈ РИВАЛСТВОТО, ИСТА ПОРАКА: „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ против кликбејт новинарите и лажните вести

Иако се големи спортски ривали, навивачките групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ се обединија во критиките кон дел од македонските медиуми. По паролата на навивачите на Работнички од 8 ноември, со натпис „Кроите судбини за кликови и ситни пари, група морони, наречени новинари“, синоќа и „Фемили Аеродром“ испратија своја порака на вечното кошаркарско дерби. На трибината во салата „Јане Сандански“ беше истакната паролата „Новинари лешинари“. Незадоволството на навивачите доаѓа по медиумските реакции и известувањата за инцидентот пред салата од пред неколку недели каде многу медиуми (претежно спортски портали) во борбата за клик повеќе пренесоа лажни вести и создадоа паника кај дел од граѓаните.

Исто така, важно е да се напомене дека на синоќешното дерби владееше спортска атмосфера и помина без инциденти. Најважно е дека дербито полека го враќа својот сјај, а навивачите се враќаат на трибините. Погледнете повеќе:

(ВИДЕО + ФОТО) КОНЕЧНО СЕ ВРАТИ СТАРИОТ СЈАЈ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Спектакуларно дерби со две навивачки групи и без инциденти

Жан Митрев