Хроника
Дознај прв
ЛИШЕН ОД СЛОБОДА 18-ГОДИШНИК: Се сомничи за лажна дојава за бомба во гимназија во Тетово
МВР лиши од слобода 18-годишник од Радиовце поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце е лишен од слобода поради сомнение дека стои зад лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Како што информира МВР, полициски службеници утрово извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории. Акцијата била спроведена во периодот од 05:45 до 07:25 часот, со учество на службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане. При претресот бил пронајден и одземен еден мобилен телефон.
Се сомничи за кривично дело лажна дојава, велат од МВР
Според МВР, постои сомнение дека А.Д. (18) сторил кривично дело од член 366 од Кривичниот законик, поврзано со лажната дојава за бомба во општинското средно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Задржан во полициска станица
Осумнаесетгодишникот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

