Спорт

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ ЗА БАРАЖОТ: Четири репрезентации во игра за опстанок во Б-лигата

Кипар, Белорусија, Фарските Острови и Естонија се потенцијални противници на Македонија во баражот за опстанок во Б-лигата. Ждрепката е на 20 ноември.

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ ЗА БАРАЖОТ: Четири репрезентации во игра за опстанок во Б-лигата

Македонската фудбалска репрезентација во март следната година ќе игра бараж за опстанок во Б-лигата на Лигата на нации, а веќе се познати четирите потенцијални противници. На списокот се Кипар, Белорусија, Фарските Острови и Естонија. Баражот ќе се игра во два натпревари, со по еден дуел на домашен и на гостински терен, без дополнителен круг односно нова рунда разигрување. Ждрепката е закажана за петок, 20 ноември, со почеток во 12 часот.

Баражот ќе се игра од 25 до 30 март

Првите натпревари се предвидени во периодот од 25 до 27 март, додека реваншите ќе се играат од 28 до 30 март. По двата дуела ќе биде познато дали Македонија ќе го задржи местото во Б-лигата на Лигата на нации.

Квалификациите за Евро 2028 почнуваат во јуни

Македонија ќе ги започне квалификациите за Европското првенство во јуни 2027 година, а ждрепката за групите е закажана за 6 декември. Националниот тим ќе биде сместен во група со четири репрезентации. Победниците на групите директно ќе се пласираат на континенталниот шампионат, додека поголемиот дел од второпласираните ќе добијат можност за пласман преку бараж.

Жан Митрев