Македонија

(ФОТО) ОД ТУРСКИ СЕРИИ ДО САЈТОВИ ЗА ВОЗРАСНИ: Ова се десетте најпосетувани веб-страници во Македонија во октомври

(ФОТО) ОД ТУРСКИ СЕРИИ ДО САЈТОВИ ЗА ВОЗРАСНИ: Ова се десетте најпосетувани веб-страници во Македонија во октомври

Македонците во октомври најмногу го користеле Google, YouTube, турски серии, но и неколку веб-страници за возрасни, покажуваат податоците на аналитичката платформа Semrush за посетеноста на интернет-страниците во земјава. На првото место убедливо е Google со 35,03 милиони посети, а веднаш зад него е YouTube со 20,67 милиони. Изненадување е третото место на Pornhub со 5,78 милиони посети, додека Facebook се наоѓа на четвртата позиција со 4,13 милиони. ChatGPT е петти со 3,04 милиони посети, пред платформата за турски серии turskeserije.tv, која забележала 2,84 милиони посети. Instagram е на седмото место со 2,72 милиони, а во првите десет се и Xhamster со 2,17 милиони, XVideos со 1,96 милиони и Reddit со 1,77 милиони посети. Интересно е што три од десетте најпосетувани страници се платформи со содржини за возрасни, додека интересот за турските серии е видлив и преку високата позиција на специјализираната интернет-страница.

Податоци: Macedonianmaps

Жан Митрев