Македонија

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“ УТРЕ ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА: Протест пред Владата против насилството врз жените

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“ УТРЕ ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА: Протест пред Владата против насилството врз жените

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ повикува на протест пред Владата во петок, 20 ноември, со почеток во 13 часот, против фемицидот, насилството врз жените и институционалната неодговорност. Повикот за протест доаѓа по последниот случај со младата Сара Ѓорѓиеска од Охрид, која беше брутално претепана од нејзиниот партнер. Од иницијативата порачуваат дека е доста од ветувања, молчење и чекање, барајќи одговорност, правда и права. Организаторите најавија и нов протест во среда, 25 ноември, со почеток во 17 часот во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје против насилството врз жените. Во меѓувреме, Форумот на жени на СДСМ одржа мирен протест во Охрид по нападот врз младата охриѓанка. Од таму побараа спречување на родово базираното насилство, одговорност од институциите и независни истраги и судски постапки без политички влијанија.

Жан Митрев