Хроника

197 ПАРФЕМИ И КОЗМЕТИКА БЕЗ ДОКУМЕНТИ: Приведен 31-годишник

Полицијата во дом на 31-годишник од Кочани пронашла 197 парфеми од познати брендови и козметички производи без документација.

197 ПАРФЕМИ И КОЗМЕТИКА БЕЗ ДОКУМЕНТИ: Приведен 31-годишник
24 часа - аи - фото

31-годишен маж од Кочани бил приведен откако полицијата во неговиот дом пронашла 197 парфеми од познати брендови и поголемо количество козметички и други производи за кои немал документација. Акцијата била спроведена на 18 ноември, во 17:25 часот, од полициски службеници на ОВР Кочани.

Претрес со судска наредба

При претресот на домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 197 парфеми од различни видови, како и повеќе козметички и други производи. Според полицијата, за одземените производи лицето не поседувало никаква документација.

Се очекува соодветна пријава

А.Д. (31) е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, предвидено во член 285 од Кривичниот законик. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Жан Митрев