Скопје
Дознај прв
(ФОТОГАЛЕРИЈА) СТАРА ЧАРШИЈА ДОБИВА НОВ ВЛЕЗ: Почна реконструкцијата на оштетените плочки
Влезот во Старата скопска чаршија ќе добие нови плочи од травертин. Започна санацијата на оштетената подлога, информира Орце Ѓорѓиевски.

Започна санацијата на влезот во Старата скопска чаршија, каде што оштетените и искршени плочки ќе бидат заменети со нови плочи од травертин. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој посочи дека реакциите на граѓаните за лошата состојба на овој простор биле оправдани. Станува збор за едно од првите места што ги посетуваат туристите при доаѓањето во главниот град, но и важен пристап за дуќанџиите и скопјани.
Нови плочи од травертин на влез во Чаршија
Со реконструкцијата треба да се подобри изгледот на влезот и да се реши долгогодишниот проблем со оштетената подлога. Ѓорѓиевски истакна дека просторот бил запоставен подолг период и дека е неопходно да добие уреден и достоинствен изглед.
Чаршијата како дел од историјата на Скопје
Градоначалникот порача дека Старата скопска чаршија е важен дел од историјата и идентитетот на градот и дека треба да се зачува за идните генерации. Целта, како што посочи, е ова значајно место да биде попристојно и поуредено за скопјани, дуќанџиите и посетителите.
View this post on Instagram

