Скопје

ЃОРЃИЕВСКИ СО ПОРАКА ЗА 13 НОЕМВРИ: Скопје ја памети цената на својата слобода

Орце Ѓорѓиевски им оддаде почит на борците за ослободувањето на Скопје и порача дека градот никогаш нема да ја заборави нивната жртва.

ЃОРЃИЕВСКИ СО ПОРАКА ЗА 13 НОЕМВРИ: Скопје ја памети цената на својата слобода

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, упати порака во која им оддаде почит на борците што ги положиле животите за слободата на Скопје. Тој истакна дека градот никогаш нема да ги заборави оние што ја платиле слободата со својот живот. По повод празникот, била одржана и традиционална средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Почит за борците што го ослободија Скопје

Ѓорѓиевски потсети дека на 13 ноември 1944 година, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. македонска бригада ја донеле слободата на Скопје. Тој нагласи дека со нивната храброст и саможртва е отворен патот кон иднината на градот. Според него, нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје и во секоја генерација што расте со право да сонува, создава и да го гради својот град.

Ѓорѓиевски – „Нашата должност е да бидеме достојни за слободата“

Градоначалникот порача дека како градоначалник ја чувствува одговорноста Скопје да биде град на достоинство, солидарност и заедништво, кои ќе бидат дел од секојдневниот живот. Тој истакна дека градот треба да им се остави на идните генерации со гордост и свест дека е дадено најдоброто од себе. „Нека ни биде вечен завет на ослободителите! Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме од сè дена!“, порача Ѓорѓиевски.

Жан Митрев