Македонија
Дознај прв
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ЈАГЛЕН ОД КОСОВО: Договорено ископување на три милиони тони во следни три години

Македонија во наредните три години планира да ископа три милиони тони јаглен од Косово и да го транспортира во земјава, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Делчево. Тој посочи дека за ова веќе има договор, а цената на јагленот ќе биде значително пониска од онаа на јагленот што во моментов се набавува од соседните земји. Според Мицкоски, транспортот на јагленот од Косово треба да започне во претстојниот период.
Најавата е дел од поширокиот план за производство на електрична енергија преку домашните енергетски капацитети. Во планот се опфатени ТЕЦ „Неготино“, блоковите во Битола, ТЕЦ „Осломеј“ и хидроцентралите. Мицкоски рече дека е подготвен финансиски модел со кој ЕСМ треба да остварува приходи во одредени периоди од годината за да ги покрие очекуваните загуби во декември и јануари.
За темата јаглен нашиот медиум има објавено и претходно:

